Враќањето на италијанскиот фудбал беше обележано со трогателна сцена на мечот од Серија Б помеѓу Ливорно – Цитадела. Од претходно беше одлучено сите натпревари да започнат со минута молчење во чест на починатите од коронавирус. Италија е една од најпогодените земји во светот со оваа болест и многумина останаа без своите најблиски.

Откако судијата на натпреварот даде сигнал дека може да започне минута молчење, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини, се расплака како мало дете. Филипини го совладаа емоциите, па едвај успеа да се запре од плачење. Пред неколку недели, неговата мајка почина од Ковид-19, па затоа, неговата реакција е сосема разбирлива.

Инаку, Ливорно загуби со 0-2 и остана на дното од табелата во Серија Б.