Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели по несреќата во каналот Џудека во Венеција, побара забрана за пловидба за крузери во таа област.
Високи италијански функционери веднаш повикаа да се донесе одлука со која ја крузерите ќе им се забрани да пловат по каналот Џудека, во Венеција, откако бродот „Опера“ кој загуби контрола, удри во пристаништето и во мал туристички брод.
Меѓународната бродска компанија „МСЦ“ тврди дека нивниот брод „Опера“ имал механички проблем додека застанувал на патничкиот терминал во Венеција.
Италијанските медиуми јавија дека во судирот на крузерот и туристичкиот брод се повредени најмалку четири лица, од кои две се префрлени во болница, а противпожарната служба на Твитер соопшти дека ситуација е под контрола.
Компанијата соопшти дека моментално соработува со властите за да се утврди што точно се случило.
Според распоредот, бродот на 26 мај отпловил од Венеција и ги посетил Котор, Миконос, Санторини и Крф, а потоа денеска повторно се вратил на појдовната станица.
МСЦ Опера е направен во 2004 година и може да превезува 2.675 патници во 1.071 кабина.