Абдоминалната операција на која Кејт Мидлтон беше подложена во јануари оваа година, наводно ја извршил тим италијански лекари кои претходно го оперирале папата Франциск, пишуваат италијанските медиуми.
Папата беше подложен на лапаротомија во јули минатата година, а оваа операција вклучува отворање на абдоменот.
Според италијанскиот портал „Генте“, овој тим специјалисти од римската клиника „Гемели“ заминал во Лондон за да ја оперира принцезата од Велс, а оваа операција доведе до дијагноза на рак.
Кејт Мидлтон се повлече од јавните должности откако на 22 март објави дека и е дијагностициран облик на рак и дека почнала да се лекува со хемотерапија.
Принцот Вилијам сподели ажурирање за здравствената состојба на неговата сопруга Кејт во петокот, велејќи дека „ѝ оди добро“.