Италијанскиот суд осуди 207 мафијаши на Ндрангета

88
Италијанскиот суд денеска осуди на вкупно 2.100 години затвор 207 лица обвинети поради припадност во италијанскиот „синдикат на организиран криминал“ Ндрангета -една од најмоќните, најбогатите и наголемите банди за криумчарење дрога на светот.
Беа потребни повеќе од еден час и 40 минути да се прочита пресудата на судот, вклучувајќи ја и пресудата за 131 обвинет. Судењето беше во бетонска судница обезбедена како бункер во јужниот регион на Италија, каде што таа мафијашка организација првично дејствуваше.
„Ндрагета“ тивко стекна моќ во Италија и во странство откако сицилиската мафија го изгуби влијанието и сега калабриската организација држи речиси монопол на увозот на кокаин во Европа, велат обвинителите кои ја водеа истрагата во јужна Италија. Таа организација има врски во Северна и Јужна Америка и е активна во Африка, тврдат италијанските обвинители, а личностите на „Ндрангета се уапсени во последните години низ Европа, Бразил и Либан.
Обвинетите беа обвинети за тргоција со дрога и оружје, изнуда и мафијашко здружување, а другите се обвинети дека биле соучесници.

Обиненијата произлегоа од истрагата на 12 кланови поврзани со осудениот „бос на Ндрангета“.

Таа централна личност, Луиџи Манкузо, одлежа 19 години во италијанскиот затвор поради раководење, како што тврдат истражителите, на една од најмоќните криминални банди за крумчарење дрога.