Италијанскиот музеј за кинематографија му додели награда за животно дело на Мартин Скорсезе

13

На американскиот филмски монтажер Мартин Скорсезе му е доделена наградата „Stela dela Mole“ од Италијанскиот музеј за кинематографија.

Наградата му ја врачија претседателот на Филмскиот музеј во Торино, Енцо Гиго и режисерот Доменико Де Гаетано на гала вечера во Торино.

Прославениот режисер, на новинарско прашање пред доделувањето на наградата за присуството на насилство и религија во неговите филмови, рече дека насилството е дел од тоа што сме ние, пренесува италијанската ТВ РАИ.

„Тоа беше суштината на моето воспитување, тоа е дел од мојата приказна и тоа дека пораснав на улица“, објасни Скорсезе.

Тој нагласи дека насилството ги привлекува луѓето, особено младите.

„Ние не сме намерно насилни. Не можете да го славите насилството, но не можете да негирате дека тоа е дел од нас. Не можете да кажете дека насилството е апсолутно зло. Кога избегнуваш да го видиш, тоа е и насилство“, смета Скорсезе.