Под истрага се 40-годишен маж, за кој се смета дека ги направил снимките, и неговиот 73-годишен татко. Авторот на видеозаписите го додал лицето на италинаската премиерка на тело на друга личност. Полицијата наведе дека успеала да ги пронајде осомничените следејќи го мобилниот уред кој бил користен за објавување на видеата.
Обајцата се обвинети за клевета. Според италијанскиот закон, за некои случаи на клевета е предвидена и затворска казна. Според обвинението, видеозаписите се поставени на една американска порнографска веб-страница, каде што во текот на неколку месеци се прегледани „милини пати“.
Адвокатскиот тим на италијанската премиерка најави дека, ако нејзиното барање за отштета биде успешно, таа ќе ги донира 100. 000 евра во фондот за поддршка на жените кои биле жртви на машко насилство. Адвокатката Марија Џулија Маргонгиу изјави дека износот е „симболичен“ и дека барањето за отштета има за цел „ да им испрати порака на жените на се плашат од поднесување тужби“.
Спорните видеозаписи датираат од времето пред Мелони да биде именувана за премиерка во 2022 година. Во последните години лажната фотографија стана вообичаена појава на интернет, пишува BBC.