Исчистен паркингот спроти пазарчето

184

Комуналната служба на Општина Ѓорче Петров целосно го исчисти паркингот спроти пазарчето во општината кој е критична точка кога се работи за хигиената.

-Службата во континуитет ја одржува чистотата во овој дел на општината, но поради зголемената фрекфенција на луѓе поради пазарот, како и маркети во околината, овој паркинг честопати е мета на смет-соопштија од локалната самоуправа.

Од таму апелираат за свесност и совесност од граѓаните, но и околните маркети за да се одржува паркингот чист на долг рок.