Исчистен кејот на реката Вардар во Велес

87

Екипи  на јавното комунално претпријатие „Дервен“ го исчистија кејот на реката Вардар во Велес од купишта смет, лисја и други отпадоци.

Тие апелираат до граѓаните да не го нагрдуваат со смет ова пријатно рекреативно катче на велешани.

– Апелираме до поедини несовесни граѓани да не фрлаат смет покрај шеталиштето и на самиот брег со што ја нагрдуваат сликата на ова омилено шателиште на велешани покрај самата река и да не ги уништуваат клупите и останатата урбана опрема-повикуваат од ЈКП „Дервен“.

Инаку, чистењето на кејот е во согласност со Годишната програма за јавна чистота на ЈКП „Дервен“.

„Дервенци“ претходно генерално го исчистија кејот во август, а на барање на Општина Велес.

Кејот на реката Вардар е долг 130 метри, а во негова непосредна близина е споменикот на славните велешки „Гемиџии“, тука има и мало мовче, кои освен за велешани се интересни за туристите кои  доаѓаат во Велес.

-Затоа и грижата за чистотота на кејот на Вардар треба да биде и грижа на сите граѓани- апелираат од ЈКП „Дервен“.