Машински е исчистено коритото на Сува Река низ централниот дел на Миладиновци во должина од 2.700 метри, при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал. Од општина Илинден посочуваат дека од почетокот на годината до сега биле исчистени 23 километри од каналската мрежа со вкупна должина од 120 километри.
Во наредниот период предвидено е да се исчисти Главниот канал во централниот дел на населбата Илинден и населеното место Марино, во должина од 4.000 метри.
– Со континуираното чистење се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението – потенцираат од локалната самоуправа.