По пријава на жителите од населбата Крњево исчистена е дива депонија и отстранети се три тони отпад.
Како што информираат од Општина Центар, во општинскиот буџет планирани се 6 милиони денари за расчистување на диви депонии, депонии од шут и за чистење на канали на нејзината територија.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, апелираше до граѓаните да го одложуваат отпадот на места што се посебно означени за таа намена.