Исчистена депонија со отпадни гуми во Горно Нерези

60

Исчистена е дива депонија во областа Горно Нерези при што инспекторатот заплени поголемо количество гуми и спречи да завршат во некое од домаќинствата како огревен материјал.

– Една од главните причини за аерозагадувањето е начинот на греење на домаќинствата, а анализите покажуваат дека голем број на домови се греат токму на отпадни гуми. Ваквиот начин на загревање е еден од главните загадувачи на воздухот, иако се идентификувани и други несоодветни отпадни суровини кои алтернативно се користат за затоплување во индивидуалното домување – велат од Инспекторатот.