„Исчезната“ од хотел и продадена на аукција: Италија ѝ ја врати на Канада украдената портретна фотографија на Винстон Черчил „Лавот што рика“

38

Италија ѝ ја врати на Канада портретната фотографија на британскиот воен премиер Винстон Черчил, која беше украдена од хотел во Онтарио пред две години и продадена на аукција на италијански адвокат.

Фотографијата позната како „Лавот што рика“ е снимена од фотографот Јусуф Карш во 1941 година, веднаш откако британскиот лидер одржа говор во канадскиот парламент.

Черчил ја има раката на колкот и се мурти кон камерата, што Карш го припиша на фактот дека непосредно пред да се фотографира, ја зел пурата од раката на премиерот, пренесува „Ројтерс“.

Со години, сликата се наоѓала во хотелот Fairmont Chateau Laurier, каде што некогаш имал студио ерменско-канадскиот фотограф, но вработените во август 2022 година сфатиле дека оригиналната слика била заменета со потпишана копија.

Подоцнежната истрага откри дека фотографијата исчезнала од хотелот за време на божиќните празници во 2021 година и била продадена од аукциска куќа во Лондон во мај 2022 година на адвокатот Никола Касинели, кој се согласил да ја врати кога ја дознал вистината.

„Мислам дека ако г-дин Карш му ја дал фотографијата даде на хотелот, тоа значи дека тој навистина сакал да остане таму“, рече Касинели за време на церемонијата во канадската амбасада во четвртокот.

Тој рече дека платил 5.200 фунти без провизија на аукцијата и добил само делумен поврат на средствата.

Директорката на канадскиот хотел Женевиев Дима истакна дека ова е позната фотографија која е дел од историјата на хотелот.

Канадските медиуми објавија дека маж од Онтарио е уапсен и обвинет за кражба на фотографијата.