Секоја година, особено во текот на летото, милиони луѓе одлучуваат да вежбаат и да ја подобрат својата физичка кондиција. А оние кои истрајуваат во тоа не само што имаат подобро здравје, туку се и порасположени.
Да се биде активен станува уште поважен како што стареме- со промените во животниот стил и прилагодувањата на исхраната кои играат важна улога.
Да се разбереме – ништо не може да го замени вежбањето. Меѓутоа, истражувачите сега сакаат да докажат дали зачинот куркума навистина може да има слично дејство на телото како вежбањето, што би било особено важна информација за оние кои поради некоја причина не можат да вежбаат, пишува Aktivni.si.
Резултатите од студијата се особено охрабрувачки за жените кои почнале да доживуваат проблеми кои доаѓаат со возраста или кои штотуку влегле во менопауза.
Студијата објавена во магазинот „Nutrition Research“ дојде до шокантен заклучок. Јадењето куркума или додаток на куркума може да биде исто толку ефикасно за здравјето на срцето како и физичката активност.
Позитивни кардиоваскуларни промени и помала клеточна смрт беа забележани кај учесниците (вклучувајќи 32 жени) кои конзумирале додаток на куркумин (150 mg екстракт од куркума) за време на студијата.
Откриле дека полифенолот содржан во куркумата позитивно влијае на крвните садови, што е слично на ефектот од едночасовно аеробно вежбање. Првите резултати беа видливи по само осум недели.
„Оваа студија покажа дека редовното консумирање куркумин или редовното аеробно вежбање може значително да ја подобри функцијата на ендотелијата“, заклучуваат научниците. Ова откритие сугерира дека куркуминот може да го спречи падот на ендотелијалната функција поврзана со возраста кај жените во постменопауза.
Потребни се дополнителни студии за да се разјасни точниот механизам, додаваат истражувачите. Американскиот весник за кардиологија исто така објави дека љубителите на куркума имаат 56 отсто помал ризик од срцев удар.
Секако, комбинацијата на куркумин и аеробни вежби беше најефикасна. Како што споменавме на почетокот, ефектите од вежбањето не можат толку лесно да се заменат – исто како што вежбањето не може едноставно да ги елиминира лошите навики во исхраната. Затоа, не треба веднаш да се потпрете само на ефектот на куркумата.
Комбинација од вежбање, здрава исхрана итн. дава најдобар резултат, но секогаш консултирајте се со вашиот лекар или друг специјалист за повеќе информации.
И уште една важна работа: студиите покажаа дека куркумата слабо се апсорбира од телото, освен ако не ја комбинирате со одредена храна.