Истражителите на Русковска „го тресат од гаќи” СЈО

Извори од СЈО потврдуваат дека висината на исплаќаните бонуси зависела од обемот и тежината на задачата, како и од тежината на предметот, односно материјалите со кои е во контакт еден обвинител од СЈО. Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за весникот ВЕЧЕР не сакаше да прејудицира дали ќе се поведе постапка и за останатите лица кои се најдоа на списокот на СЈО, хонорарци, кои во исто време биле и директори во државни институции, како и нивните деца...

212

Истражители по налог на Јавното обвинителство влегоа во просториите на СЈО за да обезбедат документација за бонусите што ги земале обвинителите како надомест за доверливост. Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за весникот ВЕЧЕР не сакаше да прејудицира дали ќе се поведе постапка и за останатите лица кои се најдоа на списокот на СЈО, хонорарци, кои во исто време биле и директори во државни институции. Обвинителството ќе процени за натамошните чекори за останатите лица кои земале хонорари од СЈО, вели Јовески.

Инаку, извори од СЈО потврдуваат дека висината на исплаќаните бонуси зависела од обемот и тежината на задачата, како и од тежината на предметот, односно материјалите со кои е во контакт еден обвинител од СЈО. Дополнуваат дека надоместоците за доверливост кои ги добивале обвинителите не биле повисоки од земјите во регионот и дека поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева била таа која ги одредувала.

Официјалните информации од базата „Отворени финансии“ покажаа дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.

Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Медиумите, повикувајќи се на податоците од базата „Отворени финансии“  објавија дека освен обвинителите и вработените во Специјалното јавно обвинителство, на списокот хонорарни соработници биле и голем број на државни службеници, но и нивните синови и ќерки, како и полицајци и новинари.

Еден од поголемите хонорари во период од последните четири години примил командантот на „Алфите“ Примислав Димовски- околу 40 илјади евра. На платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски кој во период од 3 години на неговата сметка на име хонорар од СЈО легнале околу 33.000 евра.

Од државните службеници интересно е и името на Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција. За две години тој од СЈО добил нешто повеќе од 26.000 евра.

Три ќерки на државни службеници биле на хонорарната листа на СЈО. Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ, директор на затворот Шутка, добила 20 илјади евра. Марија Василевска, ќерка на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, за две години од СЈО добила хонорар од 14.000 евра. На списокот е и Катерина Тунџева, ќерка на директорот на Катастар Борис Тунџев.

На списокот е и ќерката на обвинителката во СЈО Елизабета Јосифоска. На сметката на Елена Јосифоска легнале 30.000 евра.

Новинарот Сашо Ордановски лани од СЈО добил 255.000 денари.

Сите овие податоци се достапни на платформата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии. Засега нема информации за основата на овие исплати. Доколку се откријат елементи за постапување, предмет ќе биде отворен и во Антикорупциска комисија.