ИСТРАЖИТЕЛИТЕ ВО ШОК: Момчето убиец од Белград користи терминологија невообичаена за дете на негова возраст

3281

Четиринаесетгодишниот Коста.К. кој на 3 мај во Белград уби девет свои врсници и еден чувар, во разговор со стручни истражители користи термини и изрази кои не се вообичаени за дете на негова возраст.

Медиумите во Србија кои ги следат сите вести за момчето кое е затворено во психијатриска болница во Белград под надзор на полиција и експерти, пишуваат дека момчето изговара необични зборови за дете на негова возраст во разговорот со експерти.

„Малолетниот масовен убиец се наоѓа во психијатриска клиника во Белград, каде е под надзор на лекари, но и полиција, која ја обезбедува клиниката. Во разговорот со вештаците тој изговара зборови кои се чудни за едно момче.

„Кога зборува за оружје, тој ги користи зборовите калибар, ги знае речиси сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се, која муниција оди со кое огнено оружје. Исто така, вели, “самиот се разоружав’, а не ‘го спуштив пиштолот долу’, што би било соодветно за дете или дури и за аматер. Наместо да каже ‘пукав’, тој вели ‘отворив оган’. Според изворот, кога слушнал дека неговиот татко е уапсен, момчето рекло ‘се надевам дека добро ќе постапуваат со него’. Го изговори зборот дело, кој најчесто го користат луѓе кои работат во затвори, инспектори или полицајци. Ретко кој ја користи оваа терминологија во секојдневниот говор, а децата практично не знаат што значи тоа, пишува порталот Mondo.rs, повикувајќи се на извор запознаен со истрагата.