Истрага за жител на Селце поради недозволена трговија со марихуана во Ресен

44

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Селце, кој на 22 март бил затекнат со 745 грама наркотична дрога – марихуана, кои претходно неовластено ги набавил од непознато лице и ги држел со намера да ги препродава.

Како што информираат од Основното Јавно Обвинителство, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднел Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото.

Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​

Осомничениот се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.