ИСТРАГАТА СЕ УШТЕ ТРАЕ: Во модуларната болница во Тетово имало 26 пациенти, 12. преживеани се во тетовската болница

228

Најмалку 14 жртви зема пожарот што избувна синоќа околу 21 часот во модуларната болница во Тетово, каде во моментот на несреќата имало 26 пациенти. Преживеаните 12 пациенти се сместени во тетовската болница, а нема пациенти пренесени во Скопските болници. 

Истрагата сè уште трае, а на терен, како што соопшти Јавното обвинителство, работат тројца обвинители од Тетово и двајца обвинители од Скопје.

Надлежните најавија детална истрага за утврдување на причините на пожарот, а во тек е и вонредна седница на Владата.

Иако, причините за пожарот се уште се предмет на истрага извори од истрагата за „А1он“ тврдат дека не билe најдени никакви дефекти во електричната инсталација и се уште се утврдуваат причините за настанувањето на пожарот, кој се распламти за само неколку минути и го зафати целиот објект.

Од друга страна пак, неофицијално очевидци шпекулираат дека пожарот можеби бил предизвикан од стопен штекер во една од просториите на модуларната болница. А, потоа пожарот брзо се проширил поради боците со кислород и шишињата со медицински алкохол.

Неофицијално очевидци сведочат дека една жена која била со таткото пациент помогнала и извадила три пациенти преку прозорците.