Марин Влаховиќ, 39-годишна новинарка, беше пронајдена без знаци на живот во понеделникот, на 25 ноември, на терасата на покривот од нејзиниот дом во Марсеј.
Како експерт за Блискиот Исток, таа соработуваше со неколку реномирани медиуми како Arte, France Culture и Mediapart.
Во тек е истрага за утврдување на причините за нејзината смрт.
Влаховиќ била пронајдена мртва од нејзините пријатели. Загрижени од нејзината необична тишина, тие го посетиле нејзиниот дом и го пронашле нејзиното тело. Телото било пронајдено на терасата на покривот на зграда во првиот арондисман на Марсеј.
Се верува дека смртта настапила неколку дена пред да биде пронајдено телото. Според полициски извори, цитирани од дневниот весник La Provence, во моментов нема докази кои укажуваат на криминално дело. Наредена е обдукција за утврдување на околностите на смртта, а истрагата е во тек.
Од 2016 до 2019 година, таа работеше како дописник од Рамала за Radio France Internationale и други медиуми. Таа сними документарни филмови и подкасти, вклучително и еден наречен Carnets deorrespondente, достапни на платформата Arte Radio.
По враќањето во Франција, таа се населила во Марсеј, каде што продолжила да работи на хуманитарни проекти, на пример испраќајќи пакети со помош во Газа. Минатата година таа го посети Египет, каде неколку месеци ги следеше вестите на Блискиот Исток.