Историски роман на Родев: „Човекот што ги сакаше калинките“

196

„Човекот што ги сакаше калинките“, романот на Душко Родев кој е награден со „Роман на годината“ за 2010 година, деновиве го доживеа третото издание од издавачот „Македоника литера“ од Скопје.

„’Човекот што ги сакаше калинките’ е историски роман за вистински личности и автентичен настан од почетокот на 20 век. Кога познат и авторитетен македонски војвода, борец за ослобо­ду­вање, сака да се жени со девојка од својата чета, љубовта и за двајцата станува сурова и трагична.

Страдаат поради апсурдот меѓу борбата за слобода и слободата на љубовта, поради апсурд­на­та неспоивост на идеалот на слободата (за која се борат) и идеалот на љубовта (поради која страдаат)“, ќе наведе издавачот за книгата во која се преплетуваат повеќе теми и прашања: револу­ционерната честитост, индивидуалните величија и подлости; човеч­­ката љубов и револуционерниот морал; возможноста на чистата љубов во услови на револуционерните превирања…