В понеделник истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3.500 денари.
Од Општина Аеродром потсетуваат дека семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општината, секој работен ден до 15.30 часот.
Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
-Општина Аеродром останува посветена на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци што претставуваат товар на секој семеен буџет – потенцираат од локалната самоуправа.