Испровоциран на прашање за Мухамед Зекири, Ахмети одговори на македонски јазик

83

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со премиерот Зоран Заев на сите поставени прашања одговараше на албански јазик, а Бујар Османи преведуваше.

Но, на последното прашање во врска со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, Ахмети одговори на македонски.

„Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот“, рече Ахмети и си замина.