Исполнета желбата на Валверде

45

Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона експресно ја исполнија големата желба на шефот на стручниот штаб, Ернесто Валверде.

 

Трофејниот шпански стручњак пред неколку дена изјави дека сака да ја продолжи соработката со бранителот на тронот во Примера дивизион, а таквата желба веднаш беше исполнета од клупските челници.

Поранешниот предводник на Атлетик (Б) потпиша нов едногодишен договор, а доколку ги исполни очекувањата на клупските челници, веднаш ќе биде активирана и клаузулата со која Валверде добива ново продолжување за уште 12 месеци.