Исплатени близу 80 проценти од парите на штедачите во Еуростандард банка со право на обесштетување

38

Од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари што претставува близу 80% од вкупно дозначените средства
од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување, информираат од Фондот за осигурување на депозити.

-Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза
динамика и близу 4/5 од средствата на депонентите на “Еуростандард банка”
АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени, вечат од Фондот.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива
непречено и нивната исплата се врши директно преку Фондот за осигурување
на депозити.