Исланд на чекор од катастрофа: Се отвора земјата, Европа во паника од црно сценариот/ВИДЕО

Десетици илјади жители на Гриндавик и околните области веќе се евакуирани на безбедно

1220
EPA-EFE/ANTON BRINK

Исланд, како и остатокот од светот, ја чекаат кулминацијата на драмата во таа земја, бидејќи само прашање на денови е кога вулканот Фаградалсјфал ќе еруптира и буквално ќе го поплави градот Гриндавик со лава.

Сцените од Исланд го шокираат светот секој час. Низ главниот град Рејкјавик, патиштата пукнаа, а од внатрешноста на земјата се издига морничав чад, најавувајќи катастрофа.

Десетици илјади жители на Гриндавик и околните области веќе се евакуирани на безбедно.

Сепак, експертите не мислат дека ерупцијата на вулканот ќе го потресе не само Исланд, туку и северот на Европа толку колку што беше забележано во 2010 година.

– Евентуална ерупција што произлегува од сегашните потреси на земјата нема да доведе до нарушувања како ерупцијата на Ејафјалекул во 2010 година – рече Дејв Мекгарви, вулканолог од Универзитетот во Ланкастер.

– Во ерупциите на полуостровот Рејкјанес доминира производството на базалтна лава со само мало производство на пепел, додека во ерупцијата на Ејафјалајокул во 2010 година доминираше производството на пепел – рече тој.