ИСЛАНД ВО ОФАНЗИВЕН НАСТАП НА “ЕВРОВИЗИЈА” ВО ИЗРАЕЛ: Садо-мазо бенд фаворит за победата ?

100

“Песна на Евровизија” како што се наближува, така и ги качува тензиите до невидени височини. За најсериозен кандидат за победа оваа година се типува на претставниците на Исланд. Групата “Хатари” кои се облекуваат во необични сценски костими се опишува како садо-мазо техно бенд, а ги нарекуваат и како “псевдо фашистички киборзи”.

Токму овој квазифашистички прекар предизвикува големи бурни реакции во самиот Израел кој е премногу чувствителен на се што има било каква врска со нацизмот,нацистите и слични работи кои се врзуваат за најтешките моменти од историјата на Евреите. Момците од бендот велат за себе дека се тие сосема нормални и дека не сакаат да им прават никакви етикетирања. Но и покрај сето тоа самиот Исланд ја очекува победата со овој мазохистички бенд, со што наредната “Евровизија” би требала да се одржи во Рејкјавик, главниот град на Исланд.  Д.М.