Иако високите жени во Холивуд се во малцинство, сепак има одреден број на актерки кои со својата височина можат да им парираат на манекенките и кошаркарките. Високите жени изгледаат грациозно и дефинитивно привлекуваат внимание. Истражувањата покажаа и дека двата пола ги сметаат високите жени за поинтелигентни, понезависни, посилни и поамбициозни. Ова се некои од холивудските ѕвезди кои иако не се во цветот на младоста мамат машки воздишки, но за жал нивните срца ги освојуваат само високи мажи
Никол Кидман (52) 180 см
Оваа филмска ѕвезда важеше за жена со најсекси нозе во Холивуд. На нејзиниот изглед и во зрелите години може да ѝ позавидат многу помлади колешки. Австралиско-американската актерка е добитничка на бројни награди како Оскар, Награда Еми , Награда на БАФТА, награда „Златен глобус“, награда „Сребрена мечка за најдобра актерка“…
Лив Тајлер (42) 178 см
Њујоршката дива, со германски и италијански корени е ќерка на пејачот на рок-бендот Аеросмит, Стивен Тајлер. Лив светската слава ја постигна со улогите во филмовите “Армагедон” и трилогијата “Господар на прстените”, но иако има остварено голем број на улоги, никогаш не одела на часови по глума.
Клое Кардашијан (35) 177 см
Американско-ерменската реалити ѕвезда и модна дизајнерка Клои, со својата фигура, полека го зазема местото на најубавите жени не само во семејството Кардашијан, туки и во светски рамки. Таа заедно со својата сестра Кајли Џенер се познати по стилските двобои, со оглед дека и двете ја следат модата и секогаш одушевуваат со својот изглед.
Олга Куриленко (40) 176 см
Куриленко е една од девојките на Бонд која со 16 години се преселила од Украина во Франција за да ги оствари своите соништа за модната и актерската кариера. Од 2006 година има реализирано над петнаесет улоги во филмови. Таа ја има убавината која ниту еден маж не го остава рамнодушен.
Џулија Робертс (52) 175 см
Американска филмска актерка и продуцент. Има освоено три Златни глобуса (од осум номинации), а во текот на кариерата била и четири пати номинирана за Оскар, кој го добила благодарение на главната улога во драмата “Ерин Брокович”. Женствената Јулија не им подлегнува на годините, напротив, таа со годините изгледа уште поубаво.
Сандра Булок (55) 171 см
Добитничка е на Оскар за најдобра актерка и Златен глобус за најдобра актерка во драма за филмот “The blind side”. Taa е една од најмоќните холивудски актерки. Сандра е дефинитивно жена која вечно ќе изгледа младо, а за сето тоа придонесуваат германски, англиски, француски и албански гени. Таа стана славна во 1990 година, по успешните улоги во филмовите “Брзина“ и “Додека ти спиеше“.
Кристина Хендрикс (44) 171 цм
Бујната црвенокоса американско-англиска актерка е најпозната по улогата на Џоан Холовеј во ТВ-серијата “Луѓе од Менхетн” која и донесе шест номинации за наградата Еми. Имаше главна улога во филмот од 2018 – “Добрите девојки“. Последните десетина години имаше повеќе улоги во телевизиските серии.
Анџелина Џоли (44) 170 см
Дива, глумица и ненадминат секс симбол на филмската индустрија. Словачки, германски и француски гени ја направија кралица на убавината. Таа исто така е еден од најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Џесика Алба (38), 170 см
Американската актерка со мексикански корени долги години важеше за најубавата актерка на светот. Иако е на прагот на четириесеттите, Џесика изгледа феноменално. Веќе во петтата година сакала да стане актерка, а со неполни 12 почнала да зема и часови за глума.
Софија Вергара (47) 170 см
Огнената Колумбијка која ја започна кариерата во мексиканските сапуници светската слава ја доби кога стана дел од американската серија “Модерно семејство”. Исто така, таа се наоѓа на листата на Максим на 100 најбогати жени на светот, но и на топ листата на највлијателните Латиноамериканци.