Искусниот играч за врска, Франциско Иско, испрати јасна порака до раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М) дека не планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Повремениот репрезентативец на Шпанија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ без никакво обештетување. Голем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на италијанскиот калчолигаш Фиорентина.