Општина Ѓорче Петров спроведе пролетна акција на полјаната во Хром, во рамките на која се кастрени дрвјата и уредувани се зелени површини. Воедно е извршено и целосно чистење.
Воедно, од општината апелираат до жителите на населеното место Хром, кои секојдневно го посетуваат ова место, повеќе да внимаваат на одржувањето на хигиената, како и да внимаваат во однос на урбаната опрема.
На барање на жителите на населба Хром, поставени се и заштитни столпчиња долж улицата „Веле Марков“, односно на тротоарот кон паркот, каде што во минатото секојдневно се паркирале возила и го узурпирале делот за движење на пешаците.
Во пресрет на неколку пријави на граѓани за замена на улично осветлување, интервенирано е и на неколку улици во Хром, каде што е поставено ново осветлување.