Исидора се враќа дома: По пресудата за нелегален престој, сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ е депортирана од Србија

94
Фото:принтсрин/Инстаграм

Исидора Мијановиќ, сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ, моментално е во имиграцискиот центар во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Исидора ја напуштила полициската станица и наскоро ќе биде одвезена до хрватската граница, каде некој ќе треба да дојде да ја земе.

„Блиц“ пишува дека ќе биде депортирана.

Таа е осудена на парична казна според Законот за странци за нелегален престој во Србија, дознава Блиц, но казната се уште не е правосилна.

Се работи за парична казна за нелегален престој во Србија, подолг од 90 дена во период од 180 дена според Законот за странци“, дознава Телеграф.

Сергеј синоќа околу 22 часот ја пријавил жената во полиција поради семејно насилство.

Наводно му рекла на сопругот дека ќе искрши се во станот, пренесуваат српските медиуми.

Таа е државјанка на Хрватска.

Изворот тврди дека властите синоќа утврдиле дека сопругата на Трифуновиќ не сторила ништо, а нема елементи на кривично дело од областа на семејното насилство, бидејќи упатила закана.