Оштетена инфраструктурата за телефонија и електрична енергија во Аеродром: Пријавени околу 40 штети во Скопје

1370

По невремето што попладнево ја зафати скопската котлина, на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрва, бандери со струјни и телефонски кабли, според информациите од ЦУК.

Големи штети има во општините Аеродром, Кисела вода и Драчево каде има пријави за оштетени автомобили.

Во Аеродром оштетена е инфраструктурата за телефонија и електрична енергија.

Дел од градоначалниците на скопските општини зафатени од невремето објавија дека службите се на терен и ги санираат штетите.