ИРЗ донираше техничка опрема, книги, храна и облека на Воспитно-поправниот Дом во Брвеница

55

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) Тетово донираше средства на Воспитно-поправниот Дом во Општина Брвеница во вид на техничка опрема, храна, облека, средства за лична хигиена и образовни материјали со цел да се подобрат условите за престој на штитениците во Домот и подготовка за нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството. Поддршката беше обезбедена од страна на Здружение ИРЗ Тетово и АСБ Германија.

Директорот на ИРЗ, Сретен Коцески истакна дека изминатите години Здружението во континуитет обезбедува поддршка за пенитенцијалните установи како што се КПУ Штип, КПУ Тетово и Воспитно-поправен дом во Брвеница.

Од страна на претставниците на Здружение ИРЗ беше потенцирана посветеноста на управата на УИС и на ВП Дом Брвеница за подобрување на условите за престој во пенитенцијалните установи и беа доделени признанија и благодарница за досегашната успешна соработка.