Познатата македонска фолк-пејачка Ирена Спасовска која за себе ќе каже, естраден уметник, решила да се поднови со тетоважa. Таа деновиве се пофали и на својот ФБ-профил каде постави фотографија на која се гледа тетоважата на раката , но и онаа над градата.
“Музиката е мојот живот“, напишана на англиски и истетовирана на нејзината рака само ја потврдува нејзината најголема љубов. Над градата таа има тетовирано “Не заборавај да се сакаш себеси“.
Таа веднаш доби и пофалби од нејзините пријатели, но и од оние што ја следат на социјалните мрежи.
Ирена неодамна сподели и фотографии од Доха, Катар.
Спасовска на ФБ-профил стави и слика со своите колеги Даниела Темелковска и Благоја Грујоски, на која во прв план е тетоважата на нејзината рака.
Таа фотографијата ја искоментира со зборовите “Се работе“.