Контроверзниот американски кошаркар, Кари Ирвинг, оваа година би можел да игра на Ол-стар викендот. Во последно време тој е во центарот на вниманието на јавноста затоа што одби да се вакцинира и поради тоа како што стојат работите ќе остане цела сезона без плата. Поради законот во Њујорк не му беше дозволено да игра натпревари за Бруклин, а тимот го суспендираше од тренинзите.

Според „Њујорк пост“, тоа што Кари не тренира или не игра за Нетс не е пречка тој да биде на списокот на играчи за Ол-стар викендот, но за тоа да се оствари ќе мора да собере доволен број гласови.