Ирачкиот премиер го разреши министерот за здравство

160

Премиерот на Иран Мустафа ал Кадими денеска го разреши министерот за здравство Хасан ал Тамими по пожарот во ковид болницата во Багдад, при што загинаа 82 луѓе, а повредени се над 110 лица.

Ал Тамими е разрешен од функцијата додека беше на испрашување поради пожарот, а испрашани беа и градоначалникот на Багдад, Мохамед Џабер и генералниот директор на Одделот за здравство во областа ал-Русаф, каде се лоцирана болницата Ибн ал Хатиб.

Резултатите од истрага за пожарот ќе и бидат доставени на ирачката Владата во рок од пет дена.

Претходно ирачкиот премиер ал Кадими ги отпушти клучните здравствени службеници. Тој оцени дека пожарот е предизвикан од небрежност и од тие причини го отпушти генералниот директор на Одделот за здравство, директорот на болницата Ибн ал Хатиб и шефот за технологија и одржување.

По пожарот ал Кадими одржа итен состанок во седиштето на Оперативната команда во Багдад, која ги координира ирачките безбедносни сили.

Небрежноста во вакви работи не е грешка, туку злосторство за кое сите несосвесни страни мораат да сносат одговорност, истакна ал Кадими.

Според сведочењето на лекарот од местото на настанот, шише со кислород експлодирало синоќа на вториот кат од болницата и предизвикало пожар што брзо се проширил.

Извор:МИА