Иран ќе го нападне Израел за помалку од 24 часа? Официјални лица предупредија: „Стигнавме до нултиот час!“

2092

Иран и неговите полномошници на Блискиот Исток би можеле да извршат напад врз Израел во следните 24 часа, изјавија неименувани извори од регионот на Блискиот Исток за Фокс њуз.

– Официјални лица (на Блискиот Исток) веруваат дека сме стигнале до нултиот час – јавува дописникот на Фокс њуз.

Иран ги подготвил своите ракетни и беспилотни летала, слични на чекорите преземени пред невидениот напад на Техеран врз Израел во април, според високи претставници во Вашингтон и Ерусалим, цитирани од израелскиот новинар Барак Равид.

Доаѓа голем напад?

Иран се закани со голем напад врз Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатиот месец, иако Тел Авив ниту негираше, ниту презеде одговорност, објави „Тајмс оф Израел“.

Израел, исто така, се подготвува да се одмазди на Хезболах, иранскиот полномошник во Либан, за убиството на главниот командант на терористичката група, Фуад Шукр, во Бејрут, неколку часа пред да биде убиен Ханије.

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија претходно денеска издадоа заедничка изјава во која повикаа на продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа, нагласувајќи дека не може да има повеќе одложувања, пренесе Би-Би-Си.

Сѐ уште нема преговори

Палестинската милитантна група Хамас претходно соопшти дека секое продолжување на разговорите треба да се заснова на претходни планови, а не на нова рунда преговори, одговарајќи на повикот на меѓународните посредници за средба на завојуваните страни на 15 август.

Посредниците од Катар, Египет и САД ги поканија Израел и Хамас на нов состанок минатата недела, а израелската страна рече дека ќе испрати свој тим преговарачи.