Иранските власти ја осудија веќе затворената добитничка на Нобеловата награда за мир на дополнителни шест месеци

26

Иранските власти и одредија дополнителна шестмесечна затворска казна на добитничката на Нобеловата награда за мир Наргеса Мохамади, соопшти групата која се залага за ослободување на активистот.

Коалицијата „Ослободете ја Наргес“ во четвртокот објави дека Мохамади на 19 октомври е осудена на дополнителни шест месеци затвор под обвинение за „непослушност и отпор на наредбите“.

Според соопштението, обвинението е покренато откако Мохамади организирала протест против егзекуцијата на друга политичка затвореничка во женскиот оддел во затворот Евин на 6 август.

Мохамади е 19-та жена што ја добила Нобеловата награда за мир и втора Иранка по активистката за човекови права Ширин Ебади во 2003 година.

Мохамади (52) продолжи со својот активизам и покрај тоа што повеќепати беше апсена од иранските власти и помина неколку години зад решетки.

Таа се наоѓа во озлогласениот ирански затвор Евин, во кој се сместени политички затвореници и оние со врски со Западот. Таа веќе издржувала казна од 30 месеци, на кои во јануари и биле додадени уште 15 месеци. Иранската влада јавно не ја потврди нејзината нова дополнителна казна.

Последната одлука го одразува гневот на иранската теократија поради тоа што ѝ беше доделена Нобеловата награда во октомври 2023 година за долгогодишен активизам и покрај децениската владина кампања насочена кон неа.

Мохамади беше ѕвезда-водилка за време на протестите ширум земјата, предводени од жени, предизвикани од смртта на 22-годишна жена во полициски притвор минатата година, кои се претворија во еден од најинтензивните предизвици за теократската влада на Иран. Убиената жена Махса Амини е приведена затоа што наводно не носела шамија како што бараат властите.

Во соопштението се бара безусловно ослободување на Мохамада и се наведува дека нејзината здравствена состојба драстично се влошила за време на нејзиниот долг престој во затвор и дека боледува од