Инцидент пред Ургентниот центар во Белград: Војин Четковиќ во лутина го фрли телефонот на новинарка/ВИДЕО

387

Српската актерка, Слобода Миќаловиќ, која вечерва беше нападната од непозната жена во центарот на Белград, заврши во Ургентниот центар каде подлежеше на низа детални прегледи, а за тоа време, нејзиниот сопруг, актерот Војин Четковиќ, беше дел од инцидент пред зградата на болницата.

Имено, новинарка ја снимаше целата ситуација, а Четковиќ разлутено и пријде и и го одзеде телефонот, па ја повикуваше полицијата која беше присутна на местото на настанот.

„Вратете ми го телефонот, тоа е мој личен телефон, немате право да ми го одземете!“, беа зборовите на новинарката, а актерот не и го предаде, туку го фрли на земја.

Војин Четковиќ пристигна во Ургентниот центар по инцидентот во кој непозната жена ја нападна неговата сопруга, Слобода Миќаловиќ

Инцидентот e прикажан во видеото подолу:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)