Српската актерка, Слобода Миќаловиќ, која вечерва беше нападната од непозната жена во центарот на Белград, заврши во Ургентниот центар каде подлежеше на низа детални прегледи, а за тоа време, нејзиниот сопруг, актерот Војин Ќетковиќ, беше дел од инцидент пред зградата на болницата.
Имено, новинарка ја снимаше целата ситуација, а Ќетковиќ разлутено и пријде и и го одзеде телефонот, па ја повикуваше полицијата која беше присутна на местото на настанот.
„Вратете ми го телефонот, тоа е мој личен телефон, немате право да ми го одземете!“, беа зборовите на новинарката, а актерот не и го предаде, туку го фрли на земја.
Инцидентот e прикажан во видеото подолу:
View this post on Instagram