На свадбата биле присутни околу 100 луѓе, каде што напаѓачите пукале во три лица пред објектот, и уште во две кои се наоѓале внатре околу полноќ, дознава Франсинфо, пренесува Танјуг. Извор за Франсинфо изјави дека трите лица се наоѓаат во животна опасност во болница.
Истрагата „продолжува под класификација убиство од страна на организирана банда и обид за убиство од страна на организирана банда“, наведе локалното обвинителство. Понатамошната истрага ја продолжува Управата за организиран и специјализран криминал на регионот Мозел, а мотиво за пукањето засега не е познат.