Инцидент на пешачки премин во Белград: Автобус застанал да помине колона деца од градинка, во нив удрил доставувач на храна

18

Деца се повредени во центарот на Белград кога на пешачки премин во нив удрил доставувач на храна на електричен велосипед.

Тоа се случило околу пладне кога децата од градинката во придружба на нивната воспитувачка отишле во Народниот музеј.

Сообраќајната несреќа се случила на аголот од улиците Васа Чарапица и Доситеева, кога 25 деца од градинка, на шестгодишна возраст, заминале во организирана посета на Народниот музеј на Србија, пишува РТС.

Возачот на автобусот го запрел возилото кога ги видел, но доставувачот на електричен велосипед претекнал и налетал на децата.

Две девојчиња паднале и биле пренесени во Детската болница во Тиршово, каде било констатирано дека едното има повреда на раката и ногата, а другото има повреда на лицето.