Повеќе од 30 луѓе се повредени откако во саботата се запали панорамско тркало на музичкиот фестивал Хајфилд во близина на Лајпциг во источна Германија, соопшти полицијата. Според првите наоди, сите жртви се задушиле од чад откако се запалиле двете гондоли на тркалата, изјавила портпаролката на полицијата за ДПА.
Шефот на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени. Полициската портпаролка не можеше да ги коментира овие информации, но рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци. Причината за пожарот не е јасна.
Една од гондолите на панорамското тркало се запалила околу 21 часот. Пожарот потоа се проширил и на втората гондола. Двете гондоли се целосно уништени во пожарот, јавува репортерот на dpa. Посетител на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените гондоли беа на самиот врв на тркалото.
BREAKING: Fire on a ferris wheel at Highfield festival in Leipzig, Germany pic.twitter.com/eteaGKp2KG
— Ryan (@breakingryan1) August 17, 2024