Непознати лица целосно демолирале автомобил “голф 5“, во инцидент што попладнево се случил на семафорите кај надвозникот „Влајко“ во скопската населба Влае, пренесе Плусинфо.
Според очевидците од местото на настанот, се сѐ случувало многу бргу, напаѓачите откако го сопреле возилото, излегле од нивниот автомобил и со палки во рацете почнале да удираат и ги искршиле сите стакла. Откако завршиле со нападот тие влегле во нивното возило и избегале.
Патниците во „голфот“, според неофицијални информации, се здобиле со повреди, но засега не е познато од каков карактер.
Повеќе на Плусинфо.