Две девојчиња се полесно повредени синоќа на саемот во Свилајнец, Србија, кога се урнало детско вовче, јавува РТС, пренесува Танјуг.
Брзата помош реагирала веднаш по несреќата на панаѓурот во Свилањец, пишува РТС.
Не се констатирани сериозни повреди, а децата се пуштени дома.
Се утврдува одговорноста на сопственикот на забавниот парк.