Мал авион принудно слетал на автопат во близина на аеродром во Северна Каролина, САД, а потоа бил удрен од патнички автомобил, при што е повредено едно од лицата во авионот, соопшти вечерва локалната полиција.
Едномоторниот авион доживеал механички дефект и во средата во осум часот по локално време испратил повик за помош до меѓународниот аеродром Пиемонт Трајад, соопшти полицијата.
Авионот потоа се спуштил на раскрсницата на два меѓудржавни патишта.
Откако авионот застанал, во него удрил автомобил. Еден од двајцата патници во авионот е полесно повреден и е пренесен во болница.
Возачот на автомобилот бил неповреден.
Полицијата на Гринсборо ги истражува причините за падот, а Националната агенција за безбедност на воздухопловството ги истражува причините за дефектот на авионот.