Инцидент во Пакситан: Од затвор на Хималаите избегале 18 затвореници, меѓу нив шест имале смртна пресуда

90

Осумаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, побегнале од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти, пренесе Еј-Би-Си њуз.

Според официјалните лица, еден од избеганите имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги грабнал клучевите од затворските ќелии.

Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно, кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната масовна потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се задржани на сушење.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а уште тројца отслужија доживотна казна.