Инцидент во Грција: Портпаролот на Златна зора му порача на „Скопјанецот“ – „Македонија е грчка“

211

Сериозен инцидент се случи денеска во грчкиот Парламент за време на средбата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров со претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, во Атина, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Портпаролот и пратеникот на Златна Зора, Илиас Касидиарис беше спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата каде што се одржуваше средбата.

Тој бил револтиран што Вуцис не ги информирал сите партии за средбата и викаше дека „Македонија е грчка“ на грчки и англиски јазик, а на обезбедувањето му „објасни“ дека тоа треба да го слушне и „Скопјанецот“.

Тој лично го снимаше инцидентот, а снимката ја стави на својот You tube профил.

Видео: Ηλίας Κασιδιάρης