Инцидент во гимназија во Нови Сад: Жената која одреден период им се заканувала на директорот, наставниците и психологот е лишена од слобода

219

Уапсена е Н.Ж. од Нови Сад поради заканите што ги упатувала до директорот на гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“, како и на наставниците и на психологот од тоа училиште, пренесува српски Блиц.

– Основното јавно обвинителство Нови Сад ја известува јавноста дека на 17.06.2024 год. во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, лишен од слобода Н.Ж. од Нови Сад – наведуваат во соопштението.

– Таа е осомничена дека во изминатиот период упатувала закани и упорно преземала други дејствија со кои би можеле значително да ги загрозат личните животи на лицата против кои се преземени овие дејствија – директорот на гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ и двајца наставници и психологот од истото училиште, со што би извршила четири кривични дела прогон – додаваат во соопштението.

На именуваната и е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и за тоа ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Нови Сад.