Инфлацијата во Турција е над 20 отсто на годишно ниво

47

Цените на стоките за широка потрошувачка во Турција се зголемени за 20,3 отсто на годишно ниво во декември, соопшти турскиот Институт за статистика (Туркстат).

Податоците за декември покажуваат мал пад на инфлацијата во споредба со ноември 2018 година, кога зголемувањето на цените изнесуваше 21,62 отсто.

Најмногу поскапеле мебелот и опрема за домаќинствата за 31,36 проценти.

Стапката на инфлација во Турција достигна 25,24 отсто во октомври – и тоа е максимално ниво во изминатите 15 години.

Турската лира девалвираше за повеќе од 20 отсто во однос на доларот оваа година.