Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври паднала на 2,9 отсто од септемвриските 4,3 отсто, објави Евростат.
Инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јули 2021 година.
Евростат проценува дека цените на храната, алкохолот и тутунот во октомври пораснале за 7,5 отсто на годишно ниво, како и цените на услугите – за 4,6 отсто, индустриските производи освен енергијата – за 3,5 отсто, додека цените на енергијата паднале за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани.