Интер има финансиски проблеми

166

Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Лаутаро Мартинез, призна дека сака да потпише нов договор со лидерот во Серија А, но откри дека клупските челници имаат сериозни финансиски проблеми. Сопствениците на Интер веќе неколку месеци се обидуваат да го продадат клубот или да пронајдат нов инвеститор кој ќе ги покрие загубите кои настанаа поради пандемијата со коронавирусот, но таквата потрага се уште не вроди со плод. Според новиот договор, Мартинез треба да има плата не помала од 6 мил. евра.